Македонскиот селектор Игор Ангеловски поради бројните проблеми со кои се соочува во овој момент, повика тројца нови играчи за дуелот со репрезентацијата на Ерменија.
Во националниот тим сосема заслужено е повикан капитенот на ФК Вардар, Дарко Мицевски. Покрај Мицевски, во тимот се повикани Томе Китановски од Македонија Ѓорче Петров и Душко Трајчевски, кој игра во Кипар, во екипата на Докса.
Поради жолти картони, на следниот дуел ќе ги нема екс вардарците, Николов и Спировски.
Клучниот дуел меѓу Македонија и Ерменија се игра в среда со почеток од 18:00 часот.