Изминатиов викенд се одигра 3.коло во младинските фудбалски лиги. Екипите на Вардар остварија две победи, еден нерешен резултат и еден пораз во дерби дуелите со екипата на Шкендија. Во продолжение ќе ги објавиме и комплетните резултати од 3.коло во сите четири младински лиги.
Помладите пионери стигнаа и до третата последователна победа сезонава, откако на гостувањето во Тетово го победија тимот на Шкендија, со конечни 2:5.
Резултати од 3.коло во помладата пионерска супер лига:
Брегалница – Работнички 3:2
Шкендија – Вардар 2:5
Ренова – Њу Старс 3:3
Куманово Еуроспорт – Македонија Ѓ.П 3:3
Победа – Шкупи 2:0
Пелистер – Академија Пандев 0:2
Пионерите на Вардар го доживеаа првиот пораз сезонава и тоа во дербито од екипата на Шкендија. Противникот на домашен терен славеше со резултат 2:1.
Резултати од 3.коло во пионерската супер лига:
Брегалница – Работнички 3:2
Шкендија – Вардар 2:1
Ренова – Њу Старс 2:4
Куманово Еуроспорт – Македонија Ѓ.П 0:3
Победа – Шкупи 1:0
Пелистер – Академија Пандев 1:1
Кадетите на Вардар го добија дербито со Шкендија и на тој начин ја остварија и третата победа во низа и со максимални 9 освоени бодови се зацврстуваат на првото место на табелата.
Резултати од 3.коло во кадетската супер лига:
Работнички – Брегалница 3:1
Вардар – Шкендија 2:0
Њу Старс – Ренова 4:0
Македонија Ѓ.П – Куманово Еуроспорт 2:1
Шкупи – Победа 3:2
Академија Пандев – Пелистер 3:2
Дербито во младинската супер лига заврши без победник (1:1). Вардар прв успеа да го отвори резултатот, но тетовчани со гол во вториот дел го израмнија резултатот.
Резултати од 3.коло во младинската супер лига:
Работнички – Брегалница 2:1
Вардар – Шкендија 1:1
Њу Старс – Ренова 3:0
Македонија Ѓ.П – Куманово Еуроспорт 1:1
Шкупи – Победа 2:0
Академија Пандев – Пелистер 3:3