Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 11.коло! Стружанка го изненади Металург, Вардар сигурен со Деспина
Преглед 11.коло! Стружанка го изненади Металург, Вардар сигурен со Деспина

Преглед 11.коло! Стружанка го изненади Металург, Вардар сигурен со Деспина

По прекинот поради промените во Протоколот за заштита во време на падемијата со Ковид-19, повторно женскиот сениорски ракомет се врати на сцена. Изминатиот викенд се одигра едно коло, на програмата беше 11.рудна од сезоната 2020/2021.

ЖРК Вардар го искористи домашниот терен и ја совлада екипата на РК Деспина од Прилеп. Ние искористивме тоа што тимот на Металург кој е наш конкурент за 2.позиција беше совладан и дојдовме до предност пред нив. Прв стрелец  во  тимот предводен од Ристова и Царчев, беше Трпевска со 8.гола, Диневска погоди 6.пати, а 4.гола беа дело на Галевска.

a2

Најголемо изненадување се случи во Автокоманда каде што тимот на Стружанка го совлада фаворитот Металург со 21-22, најдобар стрелец кај победникот беше Јоноска Натали, кај поразените Тасевска беше прв стрелец со 6 гола, поранешното крило на Вардар, Мими Петковска имаше 5.гола. Куманово имаше лесна задача со Ѓорче Петров, Гевгелија го совлада тимот на Кузман Илинден.  Во дуел на два тима од среднината на табелата, Спартак одигра одличен напревар и во гости го совлада РК Шампион. Поранешните вардарки беа во главна улога тие се лидери на тој тим,  Коларовска Ана Марија погоди дури 9.пати, Гроздановска Ангела испорача 5 гола.

a3

РЕЗУЛТАТИ 11.КОЛО СЕЗОНА 2020/2021 ГОДИНА:

*Напомена: Со кликнување на било кој пар може да го погледнете записникот од мечот

Куманово е лидер со 9.победи и 28.бода, единствен дуел на кој не дојде до „цел плен“ е мечот во Јане Сандански каде ни се „извади“ во последните секунди и дојде до реми. Ние сме на „сребрената позиција“, зад нас е Металург  кој ова коло беше изненаден, Чаир иако паузираше во 11.рудна остана изедначен со сино-белите девојко до Автомоманда. Стружанка дојде на само 2.бода до 3.позиција по добрата низа резултати.

До крајот на есенскиот дел од сезоната 2020/2021 остануваат уште две кола, за Вардар останува само уште еден предизвик. Ние ќе играме напревар со екипата на Гевгелија, а во другото коло сме слободни поради непарниот број на тимови (13.екипи) оваа сезона.