Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Одбојка: „Вардарци“ засилени на пат за Словенија
Одбојка: „Вардарци“ засилени на пат за Словенија

Одбојка: „Вардарци“ засилени на пат за Словенија

Сите одбојкари и членови на стручниот штаб на Вардар се негативни на Covid-19, откако нашиот клуб ги доби резултатите од денешното тестирање кое беше организано во пресрет на европскиот настап против Калцит Камник.

Нашата експедиција вечер тргнува на пат за Словенија, каде ќе го игра двомечот против прволигашот од оваа земја, во првото коло од Челинџ-купот на ЦЕВ. Натпреварите меѓи Камник и Вардар ќе се играат во вторник и среда, со почеток во 20 часот.

„Црвено-црните“ ќе бидат дополнително засилени за овој двомеч, откако беше постигнат договор со тимот да патува и Александар Милков, како и младата надеж на македонската одбојка, 17-годишниот Стојче Арсов од Пробиштип.