Помладите пионери на Вардар предводени од Јанев Саше денес на домашен терен ја пречекаа екипата на Шкендија, Дербито заврши во наша корист со резултат 3-2 (2:0).
Започнавме со: Краљевски, Николов, Ајетовиќ, Миовски, Јанковски, Порчу, Николовски, Величковски, Гаштаров, Танчев и Коловски.
Тргнавме фуриозно, нападнавме по првата судиска свирка. Нашата офанзива беше наградена веќе по три минути на оваа средба. Во 3.минута топката дојде до Стефан Коловски кој со полуволеј од 20.метра погоди за предност со 1:0. По водството повторно атакуваме на голот на противникот со цел удвојување на предноста. Ајетовиќ имаше обид за погодок кој не донесе предност од два гола. Шкендија се закани два пати од 40 до 43.минута, ама нашиот голман беше на висина на задачата. Се играше последната, 45.минута по изведен корнер за нас дојде до мешаница, стрелецот на првиот гол Коловски мајсторски со пета погоди. Со неговиот гол поведовме со 2:0, судијата 15.секунди потоа досуди крај на првиот период на овој дерби дуел за помлади пионери во Супер лигата.
Вториот дел започна со наша офанзива и покрај водството на нашиот тим, ние доминираме во поле и напаѓавме. Ајетовиќ Нуман имаше голема прилика во 46.минута, потоа се закани и Танчев за Вардар. Капитенот Порчу Димитар во 48.минута погоди за високи 3-0. Потоа Коловски упати одличен удар од 25.метра кој заврши над гредата. Ние имавме повеќе од оиграта се до 80.минута, имавме ритам високо водство, доминација и голем процент на посед на топката. Се олабавивме во финишот, најпрвин во 83 минута Шкендија намали на 3-1, а во 90.минута и на 3-2, резултат со кој се оконча мечот.