ЖРК Вардар се врати на победите и тоа кога најмногу требаше во дербито со Металург, денес во Јане Сандански. Вардарки победија со пресврт, девојките на Ристова и Царчев триумфираа со резултат 20-18
Отворивме добро, преку Бојана Коцева и Ивона Трпевска кои донесоа 2-0 за Вардар на стартот. Но со серија од три гола сино-белите го преземаа водството на мечот, тие поведоа со 3-5. Вардарки се вратија на 5-5, но потоа почна нивната криза во нападот, гостинот беше секогаш неколку чекори пред нас. На одмор заминавме со негатива од три гола , односно со резултат 9-12.
Стартот на второто полувреме донесе подобра игра за нашите девојки. Повторно талични беа, Коцева и Трпевска отворија со погодоци, па за пет минути Вардар дојдовме до реми, 12-12. Металург пак се одлеипи со два гола (12-14), нашиот голман Трајковска бранеше добро, па му овозможи на Вардар и плус два, откако погоди Миновска за 17-15. Успеавме да ја задржиме оваа позитива од два гола и победивме со 20-18.
Ивона Трпевска беше стрелец на шест гола, Бојана Коцева даде пет погодока, а Сара Миновска четири пати се запиша во листата на стрелци. На голот Трајкоска Јована впиша исклучително важи 8.одбрани.