Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Нова дерби победа над Шкендија, пионерите со цел плен на оваа средба
Нова дерби победа над Шкендија, пионерите со цел плен на оваа средба

Нова дерби победа над Шкендија, пионерите со цел плен на оваа средба

Избраниците на Саше Божиновски, пионерите на Вардар ја совладаа Шкендија во дербито. На овој домашен натпревар ние победивме со резултат 3-1 (3-0).

277174174_10221177600131787_2085993385962662471_n

Започнавме со овие 11: Апостолски, Бундалески, Фидановски, Митревски, Кулуковски, Јакимовски, Спасиќ, Сековски, Нурединовски, Цикарски и Ристовски.

277224234_10221177602811854_1824904067946710961_n

Тргнавме офанзивно целосно доминиравме на теренот на оваа суперлигашка пионерска средба. Нурединовски Алтин и Лука Јакимовски имаа свои прилики кои не ги претворија во гол. Зоран Фидановски во 27.минута речиси од аголот каде што се изведува корнер погоди дирекно за 1-0. Ние напаѓавме и по тој погодок, веќе по 4.минути топката дојде до Тино Спасиќ. Нашиот играч со одличен удар во 31.минута стрелаше за високи 2-0. Вардаровите пионери не застанаа и по овој погодок играа офанзивно во поле, имаа повеќе од играта и посед. Голот дојде како награда за трудот, Сековски Дарко погоди по соло продор за 3-0. Со овој убедлив резултат и три гола “капитал” заминавме на пауза помеѓу двата периода на ова пионерски суперлигашко дерби.

277109785_10221177601011809_5312653749176442438_n 2

Вториот дел започна со наша доминација, ние во поле бевме подобри. Божиновски даде шанса на целиот ростер, во игра ги уфрли: Трајчевски, Кузманивски, Радевски, Уневски, Туша и Рамани. Сековски ја имаше прават сериозна прилика во овој период неговиот удар отиде над голот. Во 61.минута гостинот успеа да намали на 3-1 на оваа средба. Падна значајно темпото, двата тима се обидуваа со голем број на подавања да остварат теренска доминација, сепак немаше поседби прилики за одбележување по намалувањето на два гола предност од страна на тетовачани.

277166881_10221177601251815_5097802087067423986_n