ФК Вардар генерација родени “2006“ година дојде и до втората победа денес на силниот меѓународен турнир, “Пирин Куп“, кој се игра во Сандански (Бугарија). Најпрвин утрово, избраниците на Сашо Јанев ги надиграа врсниците од екипата на ЦСКА Софија и ги совладаа со 2-0 (0-0), а потоа обезбедија висока победа и со екипата Добротол со резултат 4 : 0 (2:0).
.
Првиот дел мина со постојана доминација на Вардарци во кој противникот не упати удар на нашиот гол. Прво полувреме го отворивме со погодок за 1:0 преку Марко Николовски после одлична акција. Напаѓавме постојано во продолжение со желба да го удвоиме водството. Успеавме преку Алтин Алији од слободен удар кој погоди за 2-0, резултат со кој се замина на одмор.
.
Второ полувреме беше налик на првиот дел, ние напаѓавме противникот се бранеше со “бункер“ и не создаде ниедна прилика за одбележување. Најпрвин на 3:0 во вториот дел зголемивме преку Михаил Танчев, тој излезе сам пред голманот и рутински го матираше. До крајот на дуелот кој веќе го имавме добиено погод и Олег Михајловски, тој стрелаше за 4-0 откако доби употреблива топка по десната страна. Мора да се напомене дека тренерот Јанев им даде шанса на сите деца и сите се покажаа во одлично издание на овој натпревар.