Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победничко прво коло за генерациите “2007“ и “2008“ на ФК Вардар во Бугарија, совладани екипите на Локомотив и ЦСКА од Софија
Победничко прво коло за генерациите “2007“ и “2008“ на ФК Вардар во Бугарија, совладани екипите на Локомотив и ЦСКА од Софија

Победничко прво коло за генерациите “2007“ и “2008“ на ФК Вардар во Бугарија, совладани екипите на Локомотив и ЦСКА од Софија

Успешен старт на турнирот во Сандански, имаа генерациите на фудбалскиот клуб Вардар родени “2007“ и “2008“ година, кои на првите натпревари ги совладаа своите противници.

Генерацијата “2007“ на Томче Трајановски успеа во првото коло да ја победи Локомотив од Софија, со конечен резултат од 4:1. Кај оваа генерација се игра 6+1 на теренот. На овој турнир, Вардар е ослабен за својот прв голман, Лука Јаневски кој поради повреда не беше во можност да им помогне на своите соиграчи, но на денешниот натпревар Даниел Исајловски добро си ја одбработи задачата на својот гол. Уште од самиот старт на натпреварот се виде дека Вардар е поквалитетната екипа, кога константно го напаѓаше голот на бугарите. По два гола за прва победа на Вардар постигнаа најдобрите стрелци во есенскиот дел од детската лига за оваа sгенерација, тоа се Стефан Младеновски и Александар Грашески. Вечерва не очекува уште еден натпревар, а противник ни е Марек Дупница.

Убедлив старт имаше и генерацијата “2008“ предводена од Павел Неделковски. Нашите млади надежи ги надиграа врсниците од ЦСКА Софија со резултат од 5:1. Самиот резултат говори за нашата надмоќ на овој меч. По првиот дел имавме водство од 2:0 со погодоците на Стефан Бранковски и Арти Азизи. Во вториот дел уште три гола во противничката мрежа, дело на Дамјаноски, Бранковски и Киш. Уште еден натпревар за оваа генерација, попладнево и тоа во дуел со Витоша од Софија.