Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. „2008“ со победа го стартуваше турнирот „Пандев Куп“
ФК Вардар генер. „2008“ со победа го стартуваше турнирот „Пандев Куп“

ФК Вардар генер. „2008“ со победа го стартуваше турнирот „Пандев Куп“

Генерацијата на ФК Вардар родени „2008“ година со победа стартуваа на турнирот „Пандев Куп 2019„ кој се игра во Струмица.

Избраниците на Влатко Колев во првото коло се сретнаа со екипата на Талент од Битола, која ја совладаа со резултат 2:1. Вардар успеа прв да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 со голот на Петар Блажевски. Противникот успеа да го израмни резултатот на 1:1 со удар од белата точка, додека Вардар постигна уште еден гол, дело на Лука Трпевски за конечни 2:1 и прва победа на турнирот.

Утре ќе го одиграме и вториот меч, а противник е екипата на Њу Старс.