Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Мораме секого да го победиме на домашен терен!
Дибиров: Мораме секого да го победиме на домашен терен!

Дибиров: Мораме секого да го победиме на домашен терен!

Тимур Дибиров и Роберто Парондо на денешната прес-конференција беа едногласни дека без разлика кој противник игра против нив, на секој натпревар одат на триумф.

Мораме секого да го победиме на домашен терен. Без разлика кој е нашиот противник ние сакаме да победиме. Имаме проблеми со повреди на дел од играчите, но играме дома и сакаме да ја завршиме групната фаза со победа“, вели Тимур Дибиров.

Ова ни е последен дуел од Лигата на шампионите и со победа ќе направиме одличен резултат. Фокусирани сме на натпреварот и сакаме да покажеме дека можеме да го совладаме Монпелје. Сепак, што и како ќе се случи ќе видиме потоа откако ќе ги знаеме другите резултати. Ние мораме да победиме за да можеме потоа да имаме одредени калкулации околу пласманот”, изјави Парондо. Имаме 5-6 ракометари кои се жалат на повреди. Не можам со сигурност да кажам дали ќе играат или ќе одмораат. Ќе видиме од ден за ден колку ќе бидат подготвени и кои ќе можат да дадат 100 проценти на терен. Имаме план А, Б, Ц и Д и тоа на сите позиции. Сепак, можеме да имаме само 16 играчи во ростер, но мораме да размислуваме на тоа кои играчи можат да играат и напад и одбрана“, вели Роберто Парондо, тренерот на „црвено-црните”.