Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Андрески и Ѓоргоски стартери за Македонија до 15 години во победата над селекцијата на Сараево и Источно Сараево
Андрески и Ѓоргоски стартери за Македонија до 15 години во победата над селекцијата на Сараево и Источно Сараево

Андрески и Ѓоргоски стартери за Македонија до 15 години во победата над селекцијата на Сараево и Источно Сараево

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години утрово го одигра првиот натпревар на меморијалниот турнир “Јосип Каталински Шкија“ кој се одржува во Босна и Херцеговина. Избраниците на Златановски триумфираа во дуелот со селекцијата на Сараево и Источно Сараево, убедливо со резултат 4:1.

Во стартниот состав на овој меч се најдоа и двајца играчи на вардаровата генерација родени “2003“ година. Се работи за стоперот Филип Ѓорѓоски и крилниот играч, Лео Андрески, додека во игра во второто полувреме влегоа уште и Петар Давидовски и Антонио Мирков. 

Иако противникот прв поведе во 10 минута и го отвори резултатот на 0:1, кој беше актуелен и на полувреме, во вториот дел, Македонија направи целосен резултатски пресврт и тоа со два голови на Албан Таипи и по еден на Рамиз Беровиќ  и Муртезан Незири успеавме на крајот да славиме убедливо со 4:1.