Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вечерва во Митјиланд започнува битката за пласман на нов завршен турнир во Будимпешта
Вечерва во Митјиланд започнува битката за пласман на нов завршен турнир во Будимпешта

Вечерва во Митјиланд започнува битката за пласман на нов завршен турнир во Будимпешта

Започнува битката за пласманот на завршниот турнир во Лигата на Шампионите за екипата на ЖРК Вардар. Вечерва избраничките на Дибирова и Парондо гостуваат во Данска, на екипата на Митјиланд во рамките на првиот четвртфинален меч од најголемото натпреварување.

Вардар како првопласиран во својата група од главната рунда и Митјиланд кој заврши на четвртата позиција во новоформираните групи, ја сочинуваат една од четирите двојки во оваа елиминациска рунда. Екипата од  Данска оваа сезона претпре дури седум порази, од кои најголем дел од нив беа на теренот на противниците, иако се случуваше да загубат и пред својата публика, како што се дуелите против Ѓер и ЦСМ Букурешт. Ако се земат во предвид добиените мечеви на домашен терен, сигурна дека за одбележување е триумфот против Ростов Дон, екипа која важи за претедент да се пласира на завршниот турнир во Будимпешта. Во главната рунда, денешниот противник на Вардар го доби решавачкиот дуел против екипата на Никобинг и на тој начин се “провлече“ во оваа елиминациска рунда. Не стартуваа добро ниту во плеј-офот на националното првенство, каде доживеаа два последователни порази и тоа во арената, каде вечерва ќе го одиграат натпреварот против Вардар. Дали беа тоа лоши денови за Митјиланд, дали се само тактика во пресрет на дуелот со црвено-црните, или навистина тимот од скандинавија се наоѓа во лоша форма и резултатска криза, останува да видиме после звршување на дуелот со нашиот шампион.

Вардар знае како е да се игра на овој терен и против овој противник со оглед дека до овој меч има одиграно шест меѓусебни натпревари со екипата на Митјиланд, дури пет завршија во корист на црвено-црните. Три од нив беа на теренот на противникот, од кои два ги добивме во наша корист, еден многу убедливо изразен со двоцифрена раззлика (15:25). Минатата сезона со истиов противник се сретнавме исто така во четвртфиналето и двата меча ги добивме со наша корист, изразени со по два гола разлика. Првиот меѓусебен дуел беше во сезоната 2013/14 и тоа во борба за бронзениот медал на Ф4 во Будимпешта, кога Вардар славеше со резултат 34:31 и на тој начин за прв пат во историјата се закити со медал од ЛШ.  Митјиланд само еднаш не има победено и тоа пред својата публика, кога минимално триумфираа.

Најголемата опасност по нашиот гол ќе доаѓа од репрезентативката на Норвешка, Вероника Кристиансен која има постигнато 76 голови и Катарина Бургард со 47 голови, како и голманката Сабина Енглерт, која знае да биде незгодна доколку има свој ден на голот. Очекуваме интересен натпревар и победа на Вардар уште на овој прв натпревар во Данска, со што би биле поблиску до нов пласман на завршниот турнир.