Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2006 го победи Фудбал Кидс на пријателски натпревар
ФК Вардар генер. 2006 го победи Фудбал Кидс на пријателски натпревар

ФК Вардар генер. 2006 го победи Фудбал Кидс на пријателски натпревар

Генерацијата 2006 на ФК Вардар предводена од Милан Коцески стигна до победа на контролен натпревар против екипата на Фудбал Кидс, која беше составена од играчи кои се родени 2004/05 година. Избраниците на Милан Коцески одиграа одличен натпревар кој го добија убедливо во своја корист со резултат 6:0

Вардар по првото полувреме имаше предност од 3:0. Резултатот за 1:0 го отвори Нуман Ајетовиќ. Пред да го зголемиме резултатот, имавме шанси преку Нуредини и Лефковски, удари кои противничкиот голман ги одбрани. После нафрлена топка од корнер, во противничкиот шеснасетник со глава погоди капитенот Димитар Порчу за 2:0, додека резултатот 3:0 на полувреме го постави Давор Лефковски.

Во вториот дел исто така доминиравме на теренот и постигнавме нови три гола. Најпрво со вториот гол на Алтин Нуредини поведовме и со 4:0, додека нововлезените Стефан Коловски и Мирза Хасиќ ги поставија конечните 6:0 на овој пријателски дуел против повозрасниот тим на Фудбал Кидс од Драчево.

Вардар: Данстак, Николов, Спасовски, Порчу(К), Величковски, Танчев, Миовски, Николовски, Лефковски, Ајетовиќ, Нуредини.

Играа уште и Краљевски, Коловски, Хасиќ, Атанасов, Љатифи, Крстевски, Митрески, и Грбовиќ.

176927243_3891091750937642_692523555961574529_n 176982096_3891090494271101_216016552643953645_n 177305220_3891089510937866_8660097572542105916_n 177321148_3891091574270993_7416003307499608246_n 177482164_3891088927604591_8924012010747136018_n 177570499_3891088920937925_7037171516233862950_n 177592513_3891091394271011_1343494675842125969_n 177634976_3891090410937776_7428724559739119932_n 177717870_3891089240937893_8136066234560613008_n 177913601_3891090124271138_5043178246929553458_n