Денес во рамки на 19.коло од женската ракометна Супер лига, ЖРК Вардар гостуваше во Свети Николе. Црвено-црните дами на Ристова Драгана и Царчев Александар го совладаа домашниот тим на ЖРК Овче Поле СУ со резултат 23:30 (9:15).
На дуелот во салата „Цар Самоил“ први поведоа домаќините со 1-0, ние со головите на Костовиќ и Трпевска направиме серија и поведовме со 1-4. Следеше игра гол за гол, двата тима погодија по шест пати во противничката мрежа за 7-10 предност на вардарки. Потоа вардарки до крајот на првиот дел успеаа да ја удвојат предноста и на одмор да заминат со шест позитива. Ние водевме за време на паузата со резултат 9-15.
Вторите 30.минути ги започнавме со голот на Трпевска Ивона со чии погодок прв пат отидовме на седум плус (9-17). Вардарки ја контролираа играта по овој погодок се до крајот на дуелот ги задржаа седумте позитива. Ние дојдовме до 6-тата победа на исто толку одигран дуели оваа пролет во лигата. Ние победивме со 23-30 на овој дуел.
Галевска Марија беше прв стрелец кај црвено-црните дами со 7.гола, капитенот Диневска Бојана погоди 6.пати. Трпевска Ивона денес втора во тимот ја мина „троцифрената граница“ (стигна до 103.гола), денес погоди 4.пати колку и Џатевска Ивана. Илиќ Андреа имаше 8.одбрани на оваа средба.