До победа на контролен натпревар стигна генерацијата 2008 на ФК Вардар. Попладнево на теренот на Академијата, нашите млади надежи предводени од Миле Крстев беа подобри од екипата на Форца. Заслужен триумф за вардарци кои покажаа повеќе од противникот. Победата дојде со резултат 2:0, со голови во првиот дел од натпреварот. Шанса за настап добија сите играчи кои беа на располагање за овој натпревар, сите дадоа свој максиум и голема желба за надигрување. Честитки до генерацијата 2008 на Вардар за прикажаната игра и за триумфот.
Погледнете само неколку фотографии од овој натпревар, додека галеријата ќе можете да ја погледнете во наредниве денови на нашиот веб сајт.