Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа за ФК Вардар генер. “2006“ на контролен натпревар
Победа за ФК Вардар генер. “2006“ на контролен натпревар
пред натпревар

Победа за ФК Вардар генер. “2006“ на контролен натпревар

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2006“ година одиграа пријателски натпревар против своите врсници од екипата на Смилковци. Овој меч се одигра на академијата на ФК Вардар, која нуди одлични услови за тренинг и одигрување на мечеви. Противникот беше засилен со дечиња од Албарса и Форца, но сепак нашите млади надежи повторно беа подобри. Се играа три полувремиња по 20 минути, со 6+1 играчи на теренот. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 8:4. Стрелци на головите за Вардар беа: Драган Јанкоски (3), Стефан Колоски (2), Марко Николовски, Давид Голубов и Никита Патаровски.

Денес избраниците на Кралевски ќе одработат тренинг, по што следуваат два слободни дена. На тренинг се враќаат во понеделник, кој е закажан за 18 часот. Викендов ќе нема натпревари во детската лига, поради велигденските празници.