Monday ,25 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Стефан Апостоловски: Конечниот резултат беше очекуван, бидејќи квалитетот во голема мера е на наша страна
Стефан Апостоловски: Конечниот резултат беше очекуван, бидејќи квалитетот во голема мера е на наша страна

Стефан Апостоловски: Конечниот резултат беше очекуван, бидејќи квалитетот во голема мера е на наша страна

Младинците на РК Вардар Јуниор го добија дербито со екипата на Металург и обезбедија учество на завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Во спортскиот рекреативен центар Кале, избраниците на Зоран Петковски беа подобра екипа на теренот кои не му дозвоија на Металург ниту еднаш на мечот да имаат водство. Гостинската екипа само на два пати успеа да го израмни резултатот, што говори за супериорноста на црвено-црните на овој дерби дуел. На полувреме имавме водство од 17:14. Металург одржуваше некаква резултатска рамнотежа само во првите десет минути на вториот дел, после што Вардар се одлепи на пет гола разлика, која како одминуваше мечот стануваше се поголема. Конечниот резултат гласеше 32:23. Со овој триумф си обезбедивме пласман на завршниот турнир во младинската лига. Убедливо најефикасни беа Алија Амзоски со 9 и Стефан Апостоловски со 7 гола.

-Одигравме еден одличен натпревар со добра атмосфера на трибините. Конечниот резултат беше очекуван, бидејќи квалитетот во голема мера е на наша страна. И покрај тоа што имаме мал број на одиграни натпревари во лигата, со одлична работа на тренерот Зоран Петковски како одминуваше сезоната игравме се подобро. Спремни сме за завршниот турнир на четири најдобри екипи. Очекувам голема борба и неизвесни натпревари на Ф4, изјави Стефан Апостоловски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски