Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Со Деревен и Лазаров во напад на Веспрем
Со Деревен и Лазаров во напад на Веспрем

Со Деревен и Лазаров во напад на Веспрем

РК Вардар на натпреварот против Веспрем во Унгарија ќе биде посилен со играњето на двајцата играчи кои беа повредени и не беа во можност да им помогнат на првиот натпревар. Капитенот Филип Лазаров поради повреда на прстот беше надвор од терените еден месец, повредета за Лазаров е минато и тој заедно со екипата вчера отпатува за Унгарија по сензација и победа. Од друга страна пак, конечно во составот на РК Вардар се враќа Рускиот играч, младиот бек шутер Деревен. По девет месеци надвор од терените поради тешката повреда, конечно русинот се враќа во коомбинација за утрешниот меч.

Колку ќе биде подготвен за игра и кам-бек Деревен останува да видиме. Инаку се очекува и двајцата да придонесат за разновидност во нападот и распоредување на погодоците. Натпреварот се игра утре, а со нетрпение го очекуваме овој натпревар и враќањето на младиот Русин во нашиот тим.