Вардаровите надежи со победа го стартуваа второто издание на силниот меѓународен турнир „Вардар Куп“ кој од денес стартуваше на стадионот „Борис Трајковски“.
Во рамките на 1.коло, избраниците на Влатко Колев беа подобри од екипата на Раднички Ниш, победувајќи со резултат 2:0 (1:0).
Вардарци покажаа повеќе од противникот и на крајот заслужено победија. После центар шут на Митаноски од левата страна, во противничкиот шеснаесетник на вистинското место се најде Петар Блажевски кој успеа да ја погоди противничката мрежа и да донесе водство од 1:0. Во овој дел од натпреварот прилики за зголемување на резултатот имавме преку Јевтоски, Митаноски и Бојовиќ Заев, но немаше реализиција.
Во второто полувреме, гледавме игра на средината на теренот, иако и двете екипи имаа свои прилики. На нашиот гол, со две добри интервенции се истакна Павел Грбевски, додека Илија Митаноски беше играчот кој на додавање од Кадрији, успеа да ни донесе водство од 2:0, резултат кој беше и конечен на натпреварот.
Вардар: Павел Грбевски, Иван Ташовски (К), Христијан Јевтоски, Филип Цветковски, Стефан Стаматовски, Стефан Бујаровски, Душан Бојовиќ Заев, Петар Блажевски, Илија Митаноски, Александар Нехтенин и Иво Марковски.
Утре во рамките на 2.коло со почеток од 10:00 часот играме со екипата на Лудогорец.