Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардарците од генерација 2009 со победа го отворија турнирот во Бугарија
Вардарците од генерација 2009 со победа го отворија турнирот во Бугарија

Вардарците од генерација 2009 со победа го отворија турнирот во Бугарија

Генерацијата 2009 на фудбалскиот клуб Вардар започна со победа на меѓународниот турнир „Пирин Куп“ кој се игра во Сандански (Бугарија). Нашите млади надежи на отварање на турнирот беа подобри од екипата на Спартак Пловдив. На натпревар на кој паднаа седум голови како подобри се покажаа црвено-црните кои победија со резултат 4:3.

1 2

Вардарци одиграле добар натпревар, на кој покрај постигнатите голови сме имале уште неколку добри шанси за повисок триумф. Сепак и оваа победа е доволна за освојување на првите три бода во групата. Коста Бошковски беше играчот кој постигна два гола, додека во листата на стрелци се запишаа уште и Јаков Стојковски и Матеј Николов.334 5 6

Денес на програмата е еден натпревар за генерацијата 2009. Противник ќе ни биде екипата на УФЦ Софија, дуел кој ќе стартува од 15:30 часот по македонско време. Денешниот противник беше поразен во првото коло од екипата на Витоша 13 Софија со резултат 4:0. Со евентуална победа денес, екипата на Вардар ќе се пласира во полуфиналето на турнирот во Сандански.