Александар Царчев повторно е „дома“ онаму каде што има минато најголем дел од својата тренерска па и играчка кариера во Вардар. По шест месеца повторно е дел од стручниот штаб на ЖРК Вардар и ќе биде задолжен за голманите на црвено-црните.
Изминатите шест месеца беше дел од стручниот штаб на ракометната селекција на Саудиска Арабија. Таму со успех настапија на Азиските игри, дојдоа до бронзен медел на последниот собир, со што покрај 3.место на најголемиот континент тие успеаа да обезбедат пласман на Светското првенство. По крајот на таа епизода се врати во земјава, само по два дена повторно пристапи во црвено-црниот тим.
Редакцијата на Вардар фанс му го честита враќањето во неговиот „втор дом“, црвено-црниот тим.