Екипата на тренерот Давид Дејвис уште на почетокот тргна фуриозно во мечот, по почетните 4-3, па по серија од пет голови стигна до 9-3. Тимот од Битола се обидуваше да се врати во игра, меѓутоа „црвено-црните“ беа одлични во одбраната, но и нападот, па на полувреме заминаа со 19-11.
Пелистерци во вторите 30 минути немаа сила за пресврт, за првпат вардарци поведоа двоцифрено со 22-12 па без многу возбудувања Вардар го зголемуваше водството, кое на крајот достигна +12 (32-20).
Најдобар стрелец кај Вардар беше Тимур Дибиров со седум голови, додека Оливие Њокас и Куни Моралес погодија по четири пати.