Вардарки во 1.коло од Плеј-офот, денес беа домаќини на ЖРК Пелистер, на дуелот во „Јане Сандански“ девојките на Ристова дојдоа до убедлива победа. Ние триумфиравме со 25.гола повеќе, ЖРК Вардар победи со резултат 38-13(20-07).
Отворивме одлично во почетните пет минути, не дозволивме Илиќ да биде совладана и по контра на капитенот Диневска Бојана поведовме до 4-0, по што гостинот побара минута одмор. Со двата гола на Трпевска во 11.минута отидовме на плус пет (7-2), ние бевме кој целосно го контолираше текот на натпреварот со битолчанки. Во последните 10.минути влеговме со резултат 13-6, ние врзавме три гола во низа, два на новото засилување Марија Никовска и еден на Катерина Дамјаноска, нашиот пикер повторно погоди по контра-напад, нешто што полека минува во нејзин „заштитен знак“. Вардарки беа во налет и „пробија“ двоцифрената граница во 24.минута, по една контра „брзоногата“ Трпевска погоди за десет гола разлика, 17-7. Ристова во текот на првиот дел изротита одлично, на сите позиции постојано внесуваше нови играчи, она што е позитивно што сите имаа свој придонес и даваа максимум. На одмор заминавме со 20-7 кој ги постави Миновска на 3.секунди до крај, на голот Трајкоска која влезе во 24.минута немаше примен погодок до одмор, таа ја замени Илиќ која исто така даде значаен придонес за тимот.
Вториот дел започна со шоуто на Миновска, таа со три гола ги отвори вториоте 30.минути. Ние бевме во серија во која покрај Миновска погодуваа, Трпевска, Галевска, Стојановска, за високи 27-07, ние имавме серија 7-0 на старот на вториот дел. Имавме 20.гола повеќе, Трајкоска повторно фати пенал, таа за 20.минути на теренот беше совладана само еднаш, пред да го остапи местото на Ѓорѓиевска помеѓу стативите. Во последните 10.минути влеговме со 32-11 на семафорот, од како два пати по ред непогрешлива од пенал линијата беше Дамјаноска, која денес постигнуваше голови од нетипични позиции за пикер. Се беше формалност до крајот на оваа средба, ние победивме со резултат 38-13.
Трпевска и Миновска имаа по 7 гола, Дамјаноска денес даде 5, гол помалце имаше одличната Костовиќ, Николосска и Џатевска имаа по три.
На голот Трајкоска имаше 20.минути со само 1 примен гол, таа сопре 6.удара од кој 2.пенала, Илиќ и Ѓорѓиевска имаа по 4.одбрани зад себе на оваа средба.