Македонската фудбалска репрезентација го доби контролниот натпревар против репрезентацијата на БИХ. Младите надежи предводени од Тони Јакимовски до триумф дојдоа со пресврт во вториот дел, односно со погодок во 90.минута од натпреварот.
Селекцијата на Босна и Херцеговина имаше предност од 0:1 по првото полувреме. Сепак Македонија не се откажа од желбата за позитивен резултат на овој втор пријателски дуел кој го одигравме на тренинг центарот „Петар Милошевски“, за потсетување првиот со Бугарија го загубивме.
Македонија го израмни резултатот со голот на Назифи за 1:1. На голот претходеше акција во која вардаровиот капитен, Никола Величковски, ја погоди пречката, одбиената топка стигна до стрелецот на голот. Се играше последната минута од натпреварот кога играчот на Вардар, Филип Јовановски успеа да донесе голема радост, со неговиот гол после само пет минути од влегувањето во игра забележивме победа со резултат 2:1.
Во стартниот состав беа Величковски и Стојилевски, додека Цветков и Јовановски влегоа од клупата.