Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ: Победата беше најголемиот подарок за роденден
Чупиќ: Победата беше најголемиот подарок за роденден

Чупиќ: Победата беше најголемиот подарок за роденден

Вардар стигна до голема победа која го доближува до освојување на нова шампионска титула во домашното првенство. На домашен терен, црвено-црните успеаа да го победат најголемиот конкурент сезонава за трофејот, екипата на Еурофарм Работник. Можеби очекувавме понеизвесен натпревар, но Вардар покажа моќ и квалитет на овој натпревар кој го доби со високи 35:27. Победата му беше посветена на Иван Чупиќ кој вчера го прослави својот 35 роденден.

-Очекувавме да одиграме добар натпревар. Се наоѓаме во налет, а сите влегуваме во форма. Екипата е далеку подобра отколку што беше во декември или во февруари. Знаевме дека Еурофарм Пелистер е сериозен противник и за овој натпревар се подготвувавме цела недела. Не е ништо готово. Има уште да се игра. Ова беше еден добар натпревар и дефинитивно заслужена победа за нас. Кога моите соиграчи ми го честитаа роденденот денска им се заблагодарив и им реков дека за подарок сакам победа. Тоа се оствари. Од почетокот до крајот ја контролиравме средбата. Постојано бевме во предност, а 2-3 пати имавме и десет гола разлика. Честитки за целта екипа за добрата одбрана и добриот напад, смета Чупиќ.