Младинците на фудбалскиот клуб Вардар со три бода се враќаат од гостувањето во Штип. Избраниците на Љупчо Марковски во рамките на 16 коло гостуваа на Брегалница. Во второто полувреме го скршивме отпорот на противникот и славевме убедливо со резултат 0:4.
По првото полувреме, Брегалиница успешно се бранеше и не дозволи погодок во својата мрежа, иако вреди да се напомене дека и во овој дел од мечот имавме неколку шанси за отварање на резултатот. Мразот го скришивме преку Теодор Димитровски кој успева да го отвори резултатот и да донесе водство на Вардар од 0:1. Во продолжение од натпреварот целосна офанзива кон голот на противникот, а следен кој се запоша во листата на стрелци беше Ердон Даци кој зголеми на 0:2. Вардар не застана тука и беше решен да го реши победникот што побрзо. Прв гол на натпреварот постигна и Александар Најдоски кој му носи предност на Вардар од 0:3. До крајот на мечот уште еден гол во противничката мрежа, а прв за Дарко Додевски за 4:0. Овој резултат на крајотбеше и конечен.
ФК Вардар: Трајчевски. Т. Тодоровски, Личина, Исмаил, Ричков, Додевски, Димитровски, Стојчевски, Даци, Најдоски, Колевски.