МЛАДИНЦИТЕ ДО ПОБЕДА ВО ДЕРБИТО СО РАБОТНИЧКИ !!
Младинците на ФК Вардар го совладаа минимално тимот на Работнички на домашен терен со 1-0 (0-0), на дерби натпреварот од 7.коло во младинската супер лига.
Првиот дел заврши со почетниот резултат 0-0, црвено-црните младинци имаа повеќе од играта, имаа и посед, но по првите 45 минути мируваа мрежите и на двете екипи. Гостинот се закани само еднаш кон голот на Филевски со удар надвор од рамките на голот. Најголемите прилики во првиот дел ги имаа капитенот Дошев Ѓорѓи и Крстевски Антонијо, сепак на одмор заминавме со резултатска симетрија на овој суперлигашки дуел.

Вардар: Филевски Никола, Кулуковски Влатко, Фидановски Зоран, Спасиќ Тино, Јанкоски Драган, Лефковски Давор, Николовски Марко, Дошев Ѓорѓи (К), Гаштаров Матеј, Крстевски Антонијо и Радевски Филип.
Играа уште: Цветановски Матеј, Туша Агрон, Бундалески Максим, Кузмановски Михаил и Стефановиќ Виктор.
Честитки до нашиот тим и предводникот, Трајче Стојковски, за победата во дербито со градскиот ривал.