Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Претстојниов викенд, првите натпревари сезонава ќе ги одиграат пионерите и кадетите на РК Вардар, младинците гостуваат во Прилеп
Претстојниов викенд, првите натпревари сезонава ќе ги одиграат пионерите и кадетите на РК Вардар, младинците гостуваат во Прилеп

Претстојниов викенд, првите натпревари сезонава ќе ги одиграат пионерите и кадетите на РК Вардар, младинците гостуваат во Прилеп

Претстојниов викенд своите први натпревари во новата натпреварувачка сезона ќе ги одиграат пионерите и кадетите на РК Вардар.

Во првото коло, пионерите беа слободни, додека во рамките на 2.коло на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Јуниор Кисела Вода. Натпреварот е закажан да се одигра во недела (22.10) со почеток од 12:00 часот во спортската сала „Круме Кепески“.

Новата сезона ја отвараат и кадетите, кои во рамките на групата Б се домаќини на тимот на Мулти Есенс. Натпревар кој ќе се одигра во сабота (21.1о) со почеток од 11:00 часот во „Круме Кепески“.

Во рамките на 4.коло во младинската машка ракометна лига, младинците на РК Вардар ќе гостуваат кај екипата на Прилеп. Натпреварот ќе се одигра во недела (22.10) со почеток од 13:30 часот во спортската сала Р.Р.Ричко. Вардаровите младинци се уште ја бараат својата прва победа сезонава.