Младинските екипи на ЖРК Вардар, претстојниов викенд ќе ги одиграат првите натпревари сезонава.
Пионерките кои се предводени од Даниела Новеска и Ружица Атанасова, во недела (22.10) во спортската сала „Круме Кепески“ се домаќини на екипата на Астибо. Натпреварот ќе стартува во терминот од 14:30 часот.
Во сабота (21.10), кадетките под водство на Анжела Платон и Марија Папуџиева, се домаќини на тимот на Делчево. Натпреварот во салата „Круме Кепески“ ќе започне од 14:00 часот.
Сезоната ќе ја отворат и младинките предводени од Александар Царчев, кои во недела (22.10) со почеток од 18:00 часот ќе гостуваат на тимот на Скопје, натпревар кој ќе се одигра во спортската сала ФФОСЗ (ДИФ).