Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од РК Вардар побараа одложување на натпреварот со Еурофарм Пелистер
Од РК Вардар побараа одложување на натпреварот со Еурофарм Пелистер

Од РК Вардар побараа одложување на натпреварот со Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Вардар излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

Поради новонастанатата здравстевана ситуација во клубот, РК Вардар испрати допис и информација до Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија и до РК Пелистер.

„Би сакале да Ве известиме дека во моментов, заклучно со денешниот последен тренинг на екипата, имаме 15-тина играчи и членови на Стручен штаб кои се зафатени од тешка вироза и не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар.

Поради ова, би сакале да најдеме заедничко решение за оваа состојба која го зафати клубот, а се во интерес на регуларноста на Првенството, фер-плејот и спортското џентлменство. За поткрепа на се ова што го говориме во текот на утрешниот ден, ќе испратиме и медицински извештаи со кои што се потврдува горенаведеното.

Во овој момент, би сакале да побараме Официјално одложување на натпреварот од 8-коло Супер-лига мажи, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, се до пронаоѓање на следен датум којшто ќе одговара на двете екипи“

Спортски поздрав,