Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Апостоловски и Димков им пресудија на Шкендија во младинското дерби, Вардар со петарда се врати на врвот
Апостоловски и Димков им пресудија на Шкендија во младинското дерби, Вардар со петарда се врати на врвот

Апостоловски и Димков им пресудија на Шкендија во младинското дерби, Вардар со петарда се врати на врвот

Денес во скопско Марино се одигра дерби дуелот во Младинската фудбалска лига помеѓу двете најсилни црвено-црни екипи во лигата Вардар и Шкендија. Нашите момци однесоа триумф со резулат 5-1, а по првите 45 минути мечот заврши со резулат 2-0. Најистакнати беа Апостоловски  со 4 гола и Димков со еден гол од 30 метра и две асистенции. Калц се одлучи за следниве 11 играчи: Трајчевски, Ричков, Јошевски,  Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Беќири, Даци, Апостоловски, Кремчевски.

Мечот двата состави го почнаа резервирано, почетните минути беа мирни и минаа во испитување на силите на противникот. Вардар по петтата минута мина во офанзива, но без посебна опаснот за голот на противникот. Прва шанса на мечот имаше капитенот на Шкендија, Абази Фатон кој поведе топка од центарот ја носеше 30сетина метри и упати убав удар кој беше одлично одбранет од нашиот голман Трајчевски. Веднаш во следната акција во 8 минута прва шанса за нас денес ја имаше Додевски Дарко кој упати волеј удар од 20 метра. Истиот играч по две минути имаше пак одлична прилика упати удар од иста дистаница кој заврши малку над гредата. Се редат шасни пред голот на тетовчани веќе во 12 минута Димков со глава по центар-шут од лево упати јак удар кој мина на 5-10 см од левата статива. Повторно имавме шанса за почесен гол од десно од позиција на скратен корнер изведе слободен удар Даци топката дојде до капитенот наш Личина кој во два обида не успеа да го совлада голманот на тетовчани Латифи Мухамед кој исфрли во корнер. Целосна доминација на вардарци во продолжението топката целосно е пред противничкиот гол. Се играше 30 минута  Апостоловски Кристијан во соло продор исфрла неколку одбрамбени играчи и од свртување погодува прекрасно по земја за 1-0. Шкендија се обидува да изедначи по голот, но нивните напади се стерилни и завршуваат на триесетина метри пред нашиот гол каде високо поставената вардарова одбрана лесно ги решава предизвиците. Ние повторно успеваме да се заканиме кон голот на Латифи  овој пат преку Додевски кој не успеа да погоди за 2-0.  Се играше 42 минута од мечот по одличен силен центаршут Апостоловски Кристијан со глава ја тресе вторпат мрежата на тетовчани. До крајот капитенот Личина имаше шанса од слободен удар, што беше последна конктетна акција во првиот дел на овој дуел

Второто полувреме почна со шанса на Димков кој се обиде во 47 минута да погоди со удар од 20 метра. Во 48 минута Димков асистираше до Апостоловски кој трети пат денес им пресуди на Шкендија, постигна гол за 3-0. Во следната акција Шкендија успева да намали на 3-1, удар упати Беќири Елвир несмасно интервенираше нашиот голман Трајчевски Филип и топката заврши во неговата мрежа од оваа навидум безопасна шанса. Шкендија осилена од ова акција тргна во офанзива Курти Бурим шутна опасно, но за среќа топката мина над гредата. Љупчо Марковски-Калц веднаш реагираше  и во игра го внесе Тасевски Филип на место на Беќири Јасир. Во 58 минута имавме слободен удар на 30 метра далечина Димков Виктор шутна вистинска бомба, топката се заби во горниот десен агол, ова беше ефектен гол како што ретко се гледа на фудбалскиот терени. Во 63 минута Димков асистираше до денес непогрешливиот Апостоловски  кој погоди за 5-1.Шкендија без никаква шанса дава втор гол, денес дефинитивно младиот голман Трајчевски кој обично е одличен нема свој ден, не успева да избоксува една топка во 69минута  што го користи Шефити Шефит да намали на 5-2.  Во 80 минута Даци има убава шанса, но нововлезениот голман на Шкендија Хавзиу одбрани одлично. Јовановски влегува во игра во 82 минута на местото на Даци кој се жали на повреда. До крајот мирна игра без посебни возбудувања на двете страни.

Вардар со овој триумф е нов лидер на табелата и во одлична позиција до крајот да го задржи првото место. Честитки за нашите играчи кои денес оставија срце на терен.