Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Третта последователна победа за ФК Вардар генер. “2003“ во детската лига
Третта последователна победа за ФК Вардар генер. “2003“ во детската лига

Третта последователна победа за ФК Вардар генер. “2003“ во детската лига

Денес на терените на фудбалската феедерација на Македонија продолжија натпреварите во детската фудбалска лига. Избраниците на Ане Андоновски, генерација “2003“ стигна до треттата последователна победа во пролетниот дел од детската лига. Нашите млади надежи беа убедливи во денешното коло, против екипата на Кул и победија со резултат 12:0.

Филип Ѓеорѓиевски ја имаше првата најголема прилика за Вардарци, откако ја погоди стативата од голот на Кул. На првиот погодок не се чекаше многу време, откако Александро Прелоговски во акција од левата страна се ослободи од противничкиот играч се најде во добра позиција погодовувајќи за водство од 1:0. Нова погодена статива за Вардарци, овој пат денес одличниот Андреј Стојчевски ја немаше среќата да се запише во листата на стрелци. Мора да се напомене дека денес Стојчевски беше еден од најдобрите поединци од кој се овиваше речиси целата игра на Вардра. Набргу стигнуваме и до предност од 2:0, одличен удар на Дамјан Ќосески кој заврши во мрежата на Кул. Црвено-црните продолжија да доминираат на теренот и ниту во еден момент не отстапија од офанзивната игра. Момците на Ане Андоновски денес одиграа одличен натпревар со смислени и вежбани акции од тренинзите. Дарио Јовановски го постигнува треттиот гол за водство од 3:0. Противникот направи три корни, што ни овозоможи удар од белата точка. Прецизен беше Дамјан Марковски за водство од 4:0. Нова прилика за Вардар, Прелоговски шутира но голманот на Кул го скротува неговиот удар. Петарда во мрежата на Кул стигна, откако Иван Пашариковски беше новиот играч кој се запиша во листата на стрелци за 5:0. Веќе во следниот напад имавме можност да израмниме, со удар со глава кој заврши покрај гол. До крајот на првиот дел уште три погодоци во противничката мрежа. Два гола беа дело на Александро Прелоговски, вкупно трет за него на овој меч, за водство од 6:0 и 8:0, додека седмиот погодок беше дело на Дарио Јовановски. Со резултат 8:0 се замина на полувреме. За одбележување е податокот дека екипата на Кул не успеа да упати ниту еден удар кон голот на Лука Стојковски.

vardarfans pobeden kul

Вториот дел со гол го отвори Благоја Јаневски за високи 9:0 во тие моменти. Уште еден пенал за Вардар, откако Кул направи три корни. Влатко Стојановски успешно биеше за високи 10:0. Шанса за зголемување на резултатот имаше и Марио Петрушевски. Во следниот период следиме игра без поголеми шанси, Вардарци имаа контрола на играта. До крајот на натпреварот постигнавме уште два гола, кои беа дело на Благоја Јаневски и Филип Ѓорѓовски. Конечниот резултат гласеше 12:0.

Мора да се пофали играта на оваа генерација, која навистина одигра одличен натпревар. Денес шанса за настап добија сите играчи кои беа на располагање на тренерот Андоновски. Се надеваме на вакви игри и во продолжение од сезоната