Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и пораз за генер. ”2006” на Вардар
Победа и пораз за генер. ”2006” на Вардар

Победа и пораз за генер. ”2006” на Вардар

Денеска на терените на Работнички се одигра ново коло во Детската фудбалска лига. Генерацијата 2006 предводена од Игор Кралевски денеска издвојува една победа и еден пораз.

ФК Вардар (1) одигра натпревар против тимот на ФК Ринија. Нашиот тим овој натпревар го доби со резултат 4:0 со хет трик на Давид Голубов. Вардар рано го отвори овој натпревар со голот на Давид Голубов. Потоа Ринија ја имаше единствената посериозна шанса за гол на овој меч по голот на Вардар, Ринија ја погоди стативата од голот на нашиот голман. Потоа следуваше и вториот гол за Вардар дело на Голубов. На полувреме се отиде со предност од 2:0 за нашиот тим. Во вториот дел нашиот тим одигра уште по убав фудбал. По одлична асистенција на Марко Николовски, Голубов го постигнува денеска својот трет погодок за 3:0. Потоа дојде и четвртиот гол дело на Марко Николовски. При крајот на натпреварот дојде до еден воздушен дуел на нашиот голман и еден играч на Ринија,  а револтиран од таа ситуација тренерот на Ринија го повлече тимот и не го одигра натпреварот.

Хет-трик на Голубов

ФК Вардар (2) одигра натпревар против Милано на кој за жал загубивме со 2-1. Натпреварот започна со блага иницијатива на нашиот тим, потоа се играше рамномерно на двете страни од теренот. Судијата досуди пенал за Милано, но топката удри во пречката и остана 0:0. Потоа нашиот голман имаше уште една одлична одбрана. Потоа дојде голот на Милано за 1:0. По голот Вардар имаше добра шанса за изедначување но бомба ударот на Милош Спасовски заврши со стативата. Во вториот дел Милано постигна уште еден погодок за 2:0. Потоа нашите момчиња одиграа напаѓачи фудбал, ствoрија неколку добри шанси преку Колоски но остана 2:0. Пред крајот на натпреварот Милош Спасовски постигна еден евро гол. Зафати една топка, силно биеше високо над голманот на Милано за 2:1. Одма потоа заврши натпреварот. Честитки и до ФК Вардар (2) за оваа игра денеска.