Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Битиќи ја “замолкна“ Шкендија “сред“ Тетово, пионерите на ФК Вардар се нови лидери
Битиќи ја “замолкна“ Шкендија “сред“ Тетово, пионерите на ФК Вардар се нови лидери

Битиќи ја “замолкна“ Шкендија “сред“ Тетово, пионерите на ФК Вардар се нови лидери

Голема победа за пионерите на фудбалскиот клуб Вардар на гостувањето во Тетово, против својот дикректен конкурент за титулата. Вардарци ја победија Шкендија, сред Тетово со минимален резултат од 1:0. Стрелец на единствениот погодок во второто полувреме беше Саит Битиќи. Со овој триумф ја истиснавме Шкендија од  првото место на табелата и сега имаме два бода предност пред тимот од Шкеднија.

Тренерот Сашо Тодоровски за овој можеби најважен меч од сезоната се одлучи за следниве 11-сетмина: Велковски, Спасиќ, Ѓорѓиески, Рамиќ, Каркалашев-Трајковски, Пешевски, Адем, Бериша, Дардлиша, Ѓорѓиевски, Битиќи.

Влогот за конечниот исход за двете екипи беше многу голем. Се знаеше дека ќе биде тежок натпревар и дека ќе нема многу фудбалска убавина. Се играше пред се цврст натпревар со игра воглавно на средината. првиот дел заврши со оној почетен резултат, иако двете екипи имаа некои полу прилики за постигнување на погодок.

Моментот на одлука се случи во вториот дел, се играше некаде 65 минута кога Саит Битиќи ја затресе мрежата на Шкендија, за молк во Тетово. До крајот умешно ја задржавме оваа предност и успеавме да славиме голема победа на теренот на противникот, кој е наш најголем конкурент за титулата. Со оваа победа им вративме на Шкеднија, за поразот од есенскиот дел кога бевме поразени со идентичен резултат од 0:1. Така Вардар после одигрување на ово коло ќе го заземе првото место на табелата, ќе се чека исходот од натпреварот на Шкупи од кој имавме два бода повеќе пред ова коло.