Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедливи победи за генер. ”2007”
Убедливи победи за генер. ”2007”

Убедливи победи за генер. ”2007”

ФК Вардар генерација 2007 на убедлив начин го одигра ова коло во Детската лига, против тимовите на Работнички и Македонија ЃП. Двете екипи на избраниците Томче Трајановски забележаа победи на денешните натпревари.

ФК Вардар (1) одигра натпревар против Работнички. Овој натпревар нашите млади момчиња го добија со резултат 5:0. Вардар тргна убедливо, го надигра тимот на Работнички во сите сегменти на играта, а да не беше голманот на противникот и стативите разликата можеше да биде поголема. Борјан Томовски постигна четири погодоци денеска, додека пак Марко Киш погоди еднаш за убедливи 5:0.
DSC02536

ФК Вардар (2) одигра натпревар против врсниците од ФК Македонија ЃП. И на овој натпревар нашите млади момчиња доминираа во текот на целиот натпревар и победија со резултат 5:0. Во текот на целиот меч Вардар ја имаше контролата на топката, створи многу шанси за погодок, па на крај броеше до пет. Прв погоди Петар Мицевски за 1:0, потоа зголеми Марко Крстевски  на 2:0. Следуваа два гола на Алексеј Ивановски за убедливи 4:0, додека точка на овој меч стави повторно Марко Крстевски за убедливи 5:0.

Допадлива игра за око од оваа наша најмлада генерација која се натпреварува во детската лига. Пролетниот дел од сезоната е многу успешен за оваа генерација.