Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Десет голови во мрежата на Кул, од ФК Вардар генер. “2002“ во детската лига
Десет голови во мрежата на Кул, од ФК Вардар генер. “2002“ во детската лига

Десет голови во мрежата на Кул, од ФК Вардар генер. “2002“ во детската лига

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2002“ година забележаа нова победа во детската лига. Избраниците на Петар Ѓоргиевски со десет голови во мрежата на Кул го одбележаа денешното коло. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 10:0.

Екипата на Кул не беше ни од блиску достоен противник за црвено-црните, кои во секој поглед на фудбалската игра го надиграа противникот. Вардарци започнаа офанзивно уште од првите минути на натпреварот. Првиот гол падна уште во 4 минута, дело на Асенов за водство од 1:0. Голот падна од корнер, откако Асенов беше највисок во скокот и со глава ја затресе мрежата на Кул. На вториот погодок се чекаше само три минути, се играше 7 минута од мечот кога Леонид Игнатов од левата страна прецизно пласира топка во горниот десен агол за водство од 2:0. Имавме и поништен гол поради наводен офсајд на Дарко Димитров. Вардарци не застанаа со нападите, што резултираше со гол на Атом Фазлиу прв за него на овој меч за водство од 3:0. Кул дури во средината на првото полувреме го имаше првиот удар кон нашиот гол, сепак безопасно за погодок. Дамјан Трајановскки имаше можност да зголеми од скратен корнер, откако ја погоди пречката од голот на Кул. До крајот на првото полувреме проследивме уште ден гол на Фазлиу (25 минута), со асистенција од Дарко Димитров. Првиот дел заврши со резултат 4:0.

Прв во шанса во второто полувреме се најде Фазлиу, кој шутираше покрај гол. Вториот свој погодок на овој меч во 38 минута го постигна Игнатов за веќе убедливи 5:0. Во продолжение од мечот ништо ново не се случуваше на теренот, Вардар беше единствениот кој играше на теренот. Фазлиу стигнува до својот трет погодок за предност од 6:0. Истиов играч имаше уште една убава шанса, откако мајсторски повлече акција од средината на теренот се ослободи од неколку противнички играчи, сепак неговиот завршен удар беше изблокиран. Во шанса за постигнување гол се најде и Димитар Поповски. Во листата на стрелци на овој меч се запишува и Петар Гугуљанов за водство од 7:0. На осмиот погодок не се чекаше многу време, во центарот на вниманието беа Харбин Речица кој асистира до Енес Шабани за веќе убедливи 8:0. Во последните седум минути од натпреварот Кул ја имаше најголемата шанса барем да постигне почесен гол. Ниниот удар го брани нашиот голман и не дозволува д примиме гол. Конечно Димитар Поповски добрата игра ја крунисува со погодок за водство од 9:0, на асистенција од Фазлиу. Харбин Речица имаше можност да се запише во листата на стрелци, откако не успева да погоди од скратен корнер. Конечните 10:0 на овој натпревар во последната минута ги постави Дамјан Трајановски.