Во кадетската лига денес на програмата беше дерби дуелот во 16 коло . Во овој дерби дуел се сретнаа нашиот Вардар како домаќин и Шкендија која гостуваше на теренот во скопско Марино. Мечот се одигра на тежок, влажен терен и во истиот победа однесе составот предводен од Колев со резулат 2-0 , на полувреме црвено-црните заминаа на одмор со истиот резулат 2-0. Стрелци на головите беа Трајчевски и Менкиновски.