Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери со прв пораз во сезоната
Помладите пионери со прв пораз во сезоната

Помладите пионери со прв пораз во сезоната

Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар го доживеаа првиот пораз оваа сезона во првенството. На дерби натпреварот одигран во Тетово, екипата на Шкендија на крајот славеше триумф со резултат 4:3. Стрелци на погодоците за Вардар беа Ибрахим Ариф (2) и Кристијан Чурлинов.

Тренерот Сашо Јанев го започна натпреварот во следниот состав: Андов, Чурлинов, Бојковски, Апостоловски, Мирчевски, Манасиевски, Ристески, Астарџиев, Петкоски, Ариф, Асенов.

По многу резултатски пресврти, за жал на крајот го изгубиме овој натпревар. Домаќинот беше прв кој го отвори резултатот и поведе со 1:0. Сепак примениот погодок не ги обезхрабри нашите момци, кои тргнаа офанзивно кон голот на Шкендија. Таквата игра и ни донесе резултат, откако успеавме комплетно да го свртиме резултатот во своја корист и да поведеме со 1:2. Ибрахим Ариф најпрво израмни, за потоа и Кристијан Чурлинов да донесе предност. Со овој резултат се замина на полувреме.

Во вториот дел, противникот успева да го израмни резултатот на 2:2. Сепак Вардар во продолжение повторно успева да поведе на овој меч со резултат 2:3. До крајот на мечот Шкендија постигнува два гола, од кои еден од скратен корнер, а последниот гол беше некаде во последните минути од натпреварот.

Ова е прв пораз за оваа Вардарова генерација во сезоната. Шкендија и Вардар имаат по ова коло се зирамнуваат со бројот на освоени бодови, додека доколку забележи победа Работнички ќе биде новиот лидер во оваа генерација.