Младинците на Вардар денес на домашен терен ја совладаа екипата на Брегалница од Штип со 4-2 во последното коло од оваа сезона.
Вардар: Филевски Никола, Ајетовиќ Нуман, Цветков Горјан, Стојилевски Марко (K), Кулуковски Влатко, Здравковски Огнен, Фидановски Зоран, Кузмановски Михаил , Стефановиќ Виктор, Здравковски Симеон и Спасиќ Тино.
Тргнавме офанзивно и поведовме во 15.минута со 1-0, Стефановиќ Виктор асистираше до Кузмановски Михаил кој погоди за наша предност. Гостинот потоа успеа да ја врати резултатската симетрија и погоди за 1-1. Асистентот на првиот гол, Стефановиќ Виктор, во 26.минута ја врати предноста и стрелаше со глава за 2-1. Со овој резултат се замина на одмор.
Гостинот не се предаваше па на почетокот на вториот дел успеа да изедначи на 2-2. Имаввме повеќе од играта во поле, во 66.минута Јовановски Филип со удар од дистанца ја врати предноста и погоди за 3-2. Точка на победата стави Бундалески Максим на 8.минути до крајот на регуларниот дел кога погоди за 4-2.
Играа уште: Бундалески Максим и Јовановски Филип.