Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Реми за кадетите на Вардар во последното колo
Реми за кадетите на Вардар во последното колo

Реми за кадетите на Вардар во последното колo

Реми за кадетите на Вардар во последното првенствено коло

Кадетите на Вардар, денес во последното коло од оваа сезона одиграа реми на домашен терен со тимот на Брегалница од Штип. Оваа средба заврши 2-2.

Вардар: Илиевски Леонид , Рахми Рами , Јакимовски Лука (К), Петровски Андреј, Лефковски Давор, Гаштаров Матеј, Николовски Марко, Радевски Филип, Шаботиќ Емир , Стојановски Христијан и Јанкоски Драган.

Првиот дел заврши со почетните 0-0. Противникот на почетокот на вториот дел поведе со 0-2 со погодоци во 47 и 52 минута, а ние потоа доминиравме на теренот и успеавме да оствариме реми, со два погодоци. Прв за нас отвори со гол Лефковски Давор, кој со удар од дистанца ја начна мрежата на противникот на оваа средба и намали на 1-2 во 64.минута. Веќе во следната 65.минута следеше убава акција, Гаштаров Матеј асистираше до Стојановски Димитар кој влезе на оваа средба од клупата за резерви, со удар надвор од казнениот простор стрелаше за конечните 2-2. Покрај двата гола имавме неколку прилики за погодок кои ја отсликаа нашата доминација во поле во тој период од средбата.

Играа уште и Хадис Рамани, Димитар Стојановски и Бојан Јаневски.