Wednesday ,17 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи одиграа со нерешен резултат во соочувањето со Брегалница
Пионерските екипи одиграа со нерешен резултат во соочувањето со Брегалница

Пионерските екипи одиграа со нерешен резултат во соочувањето со Брегалница

Пионерските екипи го одиграа последниот натпревар сезонава во Супер Лигата. Денес во рамките на последното 22.коло гостувавме кај екипата на Брегалница. Двата натпревари завршија без победник.

Помладите пионери одиграа со нерешен резултат 1:1. Штета што не освоивме три бода од овој натпревар, со оглед дека во судиското продолжение екипата на Брегалница постигна гол и освои бод од овој натпревар.

Во првото полувреме, имавме прилики преку Шаботиќ и Давитов, кои останаа без реализација, додека во 44 минута успеавме да го отвориме резултатот со голот на Михаил Јорданоски кој со прецизен удар во спротивен агол ја затресе мрежата на Брегалница за предност од 0:1.

Имавме поголем посед на топка и во вториот дел од натпреварот, кога исто така имавме добри шанси да го зголемиме резултатот. Шанси во овој дел од мечот имаа Антонијо Крстевски и Петар Давитов, но немаше нов погодок за Вардар. Се играше судиското продолжение, кога домашниот тим ја затресе нашата мрежа, за израмнување на 1:1, резултат кој беше и конечен на овој последен натпревар сезонава во помладата пионерска Супер лига.

Вардар: Јован Ѓоргиески, Мичо Поповски (К), Филип Смиљков, Марко Крстевски, Петар Давитов, Иван Блажевски, Михаил Јорданоски, Ненад Стојанчевски, Кристијан Каруловски, Антонијо Крстевски, Емир Шаботиќ.

Играа уште и Филип Стефанов, Бобан Бакрачески и Гоце Трајчески.

Пионерите иако на два пати имаа негатива, сепак на крајот успеаа да освојат бод на гостувањето во Штип. Екипата на Брегалница го отвори резултатот во 29.минута, за ние да израмниме на 1:1 преку Кристијан Галевски во 41.минута.

Во вториот дел паднаа уште по еден гол во двете мрежи. Најпрво Брегалница во 67 минута поведе со 2:1, за во 88 минута со погодокот на Хабиб Бектеши да израмниме на 2:2, резултат кој беше и конечен на натпреварот.

Вардар: Стефан Нанчовски, Давид Цековски, Лука Атанасовски, Максим Цониќ (К), Харбин Туша, Матеј Анастасов, Дамјан Алексовски, Матеј Ѓорѓиевски, Кристијан Галевски, Филип Дамевски, Хабиб Бектеши.

Играа уште и Максим Краљевски, Андреј Ѓуроски, Мирза Хасиќ и Александар Миовски.