Вардар забележа победа на последниот “тест” во Анталија, попладнево “црвено – црните” го победија тимот на Дукла Прага со резултат 1:0 (0:0) со голот првенец на Попзлатанов. За жал на овој дуел се повредија Брдаровски и Харуна, за какви повреди станува збор останува да сочекаме.
Првиот дел мина без некој посериозни шанси на двете страни, но и со две чудни одлуки на главниот судија на овој натпревар. Најпрвин главниот судија не му додели црвен картон на голманот на Дукла кој го фаулираше Барсегјан со лизгачки старт надвор од својот шеснаесетник, а потоа и некаде кон 30.минута не досуди чист пенал за Вардар. Фелипе беше соборен во шеснаесетникот на Дукла, каде виде судијата дека прекршокот е надвор од казнетиот простор останува нејасно. За облежување во првиот дел беше еден обид на Блажевски на кој ударот му го одбрани и исфрли во корнер голманот на противникот, како и во 45. минута кога поради повреда од игра излезе Брдаровски а на негово место влезе Тошевски.
Вториот дел започна одлично за Вардар, во 50. минута Фелипе му сервираше една одлична топка на Попзлатанов кој излезе сам пред голманот на гостите и го матираше за водство од 1:0. По голот Дукла се отвори, во 56. минута еден противнички играч биеше силно и прецизно а Гачевски со одлична парада одбрани и исфрли во корнер. Во 73. минута во игра влезе Харуна, одигра една минута и за жал се повреди и го напушти теренот, изгледа дека се работи за повреда на задната ложа, потоа на теренот се врати повторно Марковиќ. Во последните десет минути од дуелот Дукла Прага не успеа посериозно да го закани голот на Вардар па така со резултат 1:0 и победа за Вардар заврши последниот “тест” во Анталија.