Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Вардаровите пионери се вратија на победите во лигата, три бода во дуелот со Еуроспорт
Вардаровите пионери се вратија на победите во лигата, три бода во дуелот со Еуроспорт

Вардаровите пионери се вратија на победите во лигата, три бода во дуелот со Еуроспорт

Пионерите на Вардар се вратија на победите. Денес на теренот на Академијата во рамките на 12.коло, Вардар беше подобар од тимот на Еуроспорт Куманово кој го совлада со резултат 2:0.

Тренерот Стефановски започна со следниве 11-сетмина: Илиевски, Ивановски, Јакимовски, Љушев(К), Анчевски, Попов, Ибраим, Веселинов, Алији, Стоимов, Хајдари.

Вардаровите пионери ги искористија своите шанси во првиот дел и заслужено имаа водство од 2:0. Уште од стартот на натпреварот го нападнавме противничкиот гол, со желба први да го отвориме резултатот. Имавме голема прилика преку Левент Ибраим, кој немаше среќа погодувајќи ја стативата од голот на Еуроспорт, додека обид имаше и Стоимов, но одбрани голманот на гостите. Резултатот за 1:0 го отвори Алтин Алији, кој биеше од некаде 18.метри откосо од левата страна, голманот на Еуроспорт реагираше, ја зафати топката, но истата сепак заврши во неговата мрежа, за предност на Вардар од 1:0.

1

Денес Алтин Алији кој е генерација 2006 одигра одличен натпревар дебитирајќи за пионерите на Вардар. Истиов играч имаше прилика да го зголеми резултатот, кога топка во шеснаесетникот му даде Анчевски, но ударот за малку оди крај голот. Вардарци поведоа и со 2:0 во следната прилика. Топка од корнер нафрли Анчевски, најпрво топката ја зафати Попов кој го пронајде Димитар Стоимов кој погоди за предност од 2:0. До крајот на првиот дел имавме уште една шанса за одбележување. Од десната страна центар шут упати Ивановски, кој го пронајде Ибраим кој биеше со глава, одбрани голманот на Еуроспорт доволно топката да ја допре стативата и да излезе во корнер. На полувреме се замина со резултат 2:0 во корист на Вардар.

2 3 4

Немаше промена во вториот дел, што се однесува до резултатот, иако Вардар имаше неколку шанси да го зголеми резултатот. После една одлична акција во која учествуваа Ричков кој додаде до Алији, овој го проигра Ибраим кој бие крај голот. Се закани и гостинската екипа, но на голот Леонид Илиевски денес не дозволи да биде совладан. Најголемата шанса за погодок ја имавме преку Левент Ибраим, кој од неколку метри не успева да ја смести топката во мрежата, после центар шут од десната страна на Јакимовски. Во игра во вториот дел влегоа уште и Јаневски, Каровски, Стојановски, Туша, Ричков, Перковски и Филиповски. На крајот конечниот резултат гласи 2:0.

5 6

Вардар после неколку натпревари успеа да се врати на победите во лигата, три бодови кои можат да ни донесат место погоре на табелата во лигата. Инаку, ова беше седми триумф сезонава за пионерите на Вардар.