Денес на теренот на академијата пријателски натпревар одиграа пионерските фудбалски екипи на Вардар и Металург. Мечот им припадна убедливо на црвено-црните со резултат 0:5.
Сите голови паднаа во второто полувреме, откако по првиот дел резултатот беше оној почетниот 0:0. Сепак во вториот дел нашите надежи успеаа да постигнат дури пет голови во противничката мрежа. Замените во вториот дел вродија со плод. Новото засилување кој дојде од екиапата на Милано, Фирот Реџепи успеа да постигне два гола. Два погодоци беа дело и на Јакуп Бериша, додека еден погодок постигна Стефан Наумчевски кој дојде токму од екипата на Металург.
Стартниот состав на Вардар беше следниов: Велковски, Спасиќ, Стојчески, Петковски, Радевски, Адем, Пешевски, Стојановски, Битиќи, Дарлишта и Благојевиќ.
Главниот дел од подготовките нашите пионери го одработија во Дојран, а на почетокот на месец март ги очекуваат предизвиците во домашното првенство и куп. Како второпласирани ќе го започнеме пролетниот дел со само еден бод помалку од екипата на Шкупи, додека во купот стигнавме во четирите најдобри екипи.