Помладите пионери на Вардар се есенски шампиони. Денес во рамките на последоното есенско коло во помладата пионерска лига, екипата на Вардар ја победи Македонија Ѓ.П со резултат 3:1
Вардар: Филевски, Фидановски, Здравковски, Стојилевски, Спасиќ, Јовановски, Курти (К), Цикарски, Таневски, Кузмановски, Дошев.
По првото полувреме, екипата на Вардар имаше предност од 2:1. Уште во првите минути од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот на 1:0 со погодокот на Арбин Курти. На голот претходеше асистенција од Стојилевски кој даде употреблива топка за Курти, овој го лобуваше голманот на Ѓорче за отварање на резултатот на 1:0. Избраниците на Гаге беа подобриот тим на теренот, имаа иницијатива и неколку шанси. Следен кој имаше шанса беше Симеон Здравковски кој во шеснаесетникот упати ударот, но овој пат одбрани гостинскиот чувар на мрежата. Сепак во својот прв удар во првиот дел, гостинската екипа успева да го израмни резултатот на 1:1. Одличен погодок од лева страна откосо за еден од играчите на Македонија Ѓ.П кој упати прецизен удар по земја, немоќен беше нашиот голман кој беше принуден да ја вади топката од мрежата. Вардар се обиде да ја врати предноста на овој натпревар, во следиот период шанси имаа Курти кој после еден продор од левата страна биеше, но голманот одбрани, додека Дошев се закани од слободен удар, биеше одлично, но топката оди крај голот. Вардарци ја враќаат предноста од 2:1 со погодокот на Тино Спасиќ. На голот претходеше акција од десната страна, Здравковски додаде во противничкиот шеснаесетник до Спасиќ кој бие од прва за ново водство. Во последните минути од првото полувреме имавме голема прилика да го зголемиме резултатот, кога Фидановски со силен удар од околу 30 метри ја погоди пречката од голот на Ѓорче. На полувреме резултатот беше 2:1.
Во вториот дел имавме поголем посед на топка, но тешко ни одеше реализицијата. Имавме неколку обиди кои останаа нереализирани. Прв кој беше во шанса од левата страна беше Курти, кој упати удар, кој гоманот на гостите го одбрани, додека во следниот период се заканија Дошев и Здравковски, но топката оди крај голот. Вардар го зголеми резултатот на 3:1 во следната шанса, стрелец на голот е Михаил Кузмановски, кој доби точна топка во противничкиот шеснаесетник од Здравковски, упати прецизен удар кој заврши во гостинската мрежа. До крајот на мечот имавме уште една голема шанса која остана без реализација, од десно центар шут упати Стојилевски, топката стигна до Курти кој од пет метри не го совлада голманот. На крајот конечниот резултат гласеше 3:1.
Во игра во вториот дел влегоа Кулуковски, Серафимов, Краљевски, Уневски и Ристовски.
Ова беше седма победа од исто толку одиграни натпревари за момците на Стефановски-Гаге, кои есенскиот дел ке го завршат на првото место. Нивниот најголем конкурент во есенскиот дел, екипата на Академија Пандев го претрпе првиот пораз сезонава од екипата на Шкендија.