Вардаровите пионери со победа го завршија есенскиот есенскиот дел од сезоната. Денес на теренот на Академијата, избраниците на Рап-Тап убедливо со 5:0 ја победија екипата на Македонија Ѓ.П
Вардар: Ангелов, Каровски, Ричков, Јаневски, Милошевски, Љушев (К), Стојановски, Ибраим, Здравковски, Попов, Перковски
По првите 45 минути имавме само минимално водство од 1:0, иако според доминацијата и шансите кои ги создадовме немаше да биде незаслужено доколку имавме и поголема предност. Првата голема шанса ја имаше Левент Ибраим кој со глава ја погоди пречката од голот на Ѓорче, од десната страна центар шут упати Каровски кој го пронајде Левент, овој биеше но топката ја погоди пречката. Целата игра беше насочена на половината на противникот, додека гостинот во првиот дел немаше ниту една сериозна шанса по нашиот гол. После една добра акција на вардаровите надежи следен кој се најде во голема шанса беше Теодор Перковски кој од неколку метри не успева да го совлада голманот на Ѓорче кој одлично го одбрани ударот и спречи негатива. Топката беше исфрлена во корнер од истата акција, Вардар можеше лесно да поведе, но капитенот Љушев не го посака среќата, погодувајќи ја пречката од противничкиот гол. Пред да го отвориме резултатот во шанса се најде и Јаневски кој биеше во шеснаесетникот но само крај голот. Конечно, успеваме да погодиме и да го отвориме резултатот на 1:0. После центар шут на Јаневски во противничкиот шеснаесетник на вистинското место се најде Максим Милошевски кој со глава успева да го совлада противничкиот голман. До крајот на првиот дел имавме уште една прилика. Од корнер нафрли топка Ричков до Ибраим кој со глава бие крај голот.
Во вториот дел имавме подобра реализација успевајќи да постигнеме четири голови и на крајот да стигнеме до повисок триумф. Пред да падне втор гол во мрежата на гостинската екипа, во прилики се најдоа Ибраим и Каровски кои не успеваат да го совладаат гостинскиот голман. Избраниците на Рап-Тап успеваат да го зголемат резултатот на 2:0. Од корнер центар шут на Ричков кој го пронајде Давид Љушев кој успева да се запише во листата на стрелци. Потоа се беше полесно, а вардарци како на шега ја полнеа мрежата на Македонија Ѓ.П. Следен кој се запиша во листата на стрелци беше Теодор Перковски кој успева да погоди за 3:0, на центар шут од десната страна на Каровски. Во следната шанса постигнуваме нов гол, овој пат дело на Стефан Стојановски кој го зголеми резултатот на 4:0. Не престанавме со нападите, продолживме да атакуваме кон голот на противникот. Нов гол на Давид Љушев и тоа повторно после нафрлена топка од корнер, овој пат како асистент се најде Анчевски. Во последните пет минути, првиот директен удар го имаше Македонија Ѓ.П, се заканија од прекин но одбрани Ангелов за кој ова беше денес прва интервенција.
Во игра во вториот дел влегоа Анчевски, Хајдари, Мишовски, Филиповски, Ивановски и Туша.
Вардар ќе презими на второто место на табелата со вкупно 15 освоени бодови. Први се Победа од Прилеп со 16 бодови, додека на третото и четвртото место, Шкендија и Академија Пандев имаат по 14 бодови.