Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Триумфално последно есенско коло за кадетите и младинците на ФК Вардар
Триумфално последно есенско коло за кадетите и младинците на ФК Вардар

Триумфално последно есенско коло за кадетите и младинците на ФК Вардар

Кадетите и младинците на ФК Вардар денес во Ѓорче го одиграа последното есенско коло во натпреварувачката сезона 2020/21. Двете екипи кои ги предводи Филип Ивановски дојдоа до победи во дуелите со Македонија Ѓ.П.

Кадетите на ФК Вардар ја прокнижија и седмата последователна победа сезонава. На гостувањето кај Македонија Ѓ.П, црвено-црните славеа со резултат 0:2. По еден гол беа постигнати во двата периоди од натпреварот. Во 11 минута противничката мрежа ја затресе Славче Живков за предност од 0:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел искористивме една од шансите, се играше 85 минута од дуелот кога Дарио Јовановски го совлада противничкиот голман за конечни 0:2 на овој дуел од кадетската супер лига.

Вардар: Јовчев, Јовановски, Давков, Ѓорѓиевски (К), Ѓоргоски, Трпезановски, Живков, Стојановски, Тасевски, Андрески, Марковски.

Во игра влезе уште и Алек Саит. Кадетите на Вардар се есенски шампиони со максимални освоени 21 бод, додека на второто место е екипата на Академија Пандев со 18 бодови.

До победа во дуелите со Македонија Ѓ.П стигнаа и младинците на Вардар, кои славеа со резултат 1:2. Уште во 10 минута од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот на 0:1 со голот на Иван Мицевски, резултат кој беше актуелен на полувреме. Во вториот дел паднаа два гола, по еден во двете мрежи. Со голот на Антонио Мирков во 50 минута успеавме да зголемиме резултатот на 0:2, додека во 76 минута екипата на Македонија Ѓ.П постигна почесен гол со кој ги постави конечните 1:2.

Вардар: Стојковски, Шабани, Симев, Мицевски, Радуловиќ-Величковиќ, Хасани, Гугуљанов (К), Мирков, Исени, Салиу, Трајановски.

Во игра влегоа Трајковски и Исмаиљи.

Со 17 освоени бодови младинците на Вардар се вицешампиони, додека есенски шампион е Шкендија која има 19 бодови.