Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Чарлс неизвесен кај Вардар, кај гостинот ќе го нема Петров
Чарлс неизвесен кај Вардар, кај гостинот ќе го нема Петров

Чарлс неизвесен кај Вардар, кај гостинот ќе го нема Петров

Фудбалерите на Вардар утре ќе го одиграат последниот натпревар на домашен терен за оваа календарска година. Утре на ,,црвено – црните” им гостува одличниот тим на Македонија Ѓ.П, кој сезонава игра во одличен натпреварувачки ритам.

И двата тренери најавуваат дека утре ќе одат на три бода и победа. Кај Вардар, Васоски се чини дека и на овој натпревар нема да може да смета на Чарлс, кој сеуште е неизвесен. Кај противникот пак, екс играчот на Вардар, Филип Петров со сигурност нема да настапи поради жолти картони. Сите други играчи и двата тренери треба да ги имаат за настап.

Очекуваме еден интересен и возбудлив натпревар, на крајот секако со победа на Вардар. Дуелот започнува со почеток од 13 часот, а ќе има и ТВ пренос.