Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Градскиот дуел низ ТВ пренос
Градскиот дуел низ ТВ пренос

Градскиот дуел низ ТВ пренос

Фудбалерите на Вардар ќе се обидат токму денес да се вратат на победничките патеки, по неколкуте нерешени резултати во низа. Шанса за враќање на победничките патеки ќе биде дуелот со градскиот ривал, тимот на Македонија ЃП.

Овој натпревар нема да биде ни малку лесен за Вардар, бидејќи противникот се наоѓа во одлична форма. Добрите вести пред овој натпревар се дека се вратија Мицевски и Најденов, па сега маките на Васоски се помали.

Денешниот дуел ќе можете да го погледнете низ директен ТВ пренос на МТВ 1 и МТВ 3. Дуелот започнува со почеток од 13.00 часот.